СИТЕЛ: НБРМ - Градежништвото со раст од 31 процент заради интензивирањето на изградбата на патишта

Градежништвото е носител на економијата. Според последниот извештај на НБРМ, цела година овој сектор бележи раст и има најголем придонес кон БДП.

Растот особено забрзал во вториот квартал од годината кога изнесувал 31%. Ова се должи на интензивирањето на изгрдбата на патиштата низ земјава. Се работи на новите автопати во вкупна должина од околу 150 километри, почна изгрдбата на експресните патишта, а продолжува и рекоснтрукцијата на повеќе регионални и локални патни правци со вкупна должина од околу 200 километри.

Трендот на раст во секторот ќе продолжи, констатира НБРМ во извештајот имајќи го во предвид двоцифрениот раст на извршените градежни работи во јули, а и очекувањата на менаџерите од градежните фирми се дека  работа ќе има и во слендиот период , а ќе расте и бројот на работниците.

Благодарение на високиот раст на градежниот сектор и БДП годинава е во позитива, на годишна основа бележи раст од 2,2%, а прогнозите се дека растот ќе продолжи и во третиот квартал, но со побавно темпо.  

 
 
16.11.2016 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега