Познатиот бизнисмен со македонско потекло Мајкл Солаков стана член нa Бордот на директори на L.E.A.D. (ФОТО)

Успешниот бизнисмен со македонско потекло Мајкл Солаков стана член на Бордот на директори на организацијата за Спроведување на законот против дрога на улиците и во училиштата (ЛЕАД).

Мајкл Солаков е извршен директор на GL Gropup, Inc., коорпорација за конструкција и развој лоцирана во Блумингејл. Солаков исто така е претседател на групацијата, односно канцелариите во Софија, Бугарија и Скопје. Групацијата изминативе 30 години се развива континуирано и сега опслужува влади, комерцијални и индустриски ентитети, како и приватни субјекти, работејќи за создавање на здрава животна средина.

Солаков исто така е и член на Бордот коалиција за меѓународни врски и спроведување на правото, која што е мрежа на правни лица, владини и корпоративни лидери, кои што креираат и промовираат мрежа помеѓу оние кои го спроведуваат законот во САД со истите субјекти во другите држави. Мајкл е оженет за Елена, има две деца, Викторија и Били.

majkl-1

Солаков од неодамна е член и на Бордот на директори на организацијата L.E.A.D. , НВО за спроведување на законот против дрога на улиците и во училиштата. L.E.A.D. е непрофитна организација за поддршка која е посветена за полицијата, се залага за заштита на младината и општините од зголемување на употребата на дрога, криминал поврзан со дрога, интернет злоупотреба и насилство.

Својата мисија ја спроведуваат во соработка со едукатори, општински лидери, семејства како и останатите слични организации. Нудат ресурси, стратегија и менаџмент за да се спроведе нивната мисија.  Визијата им е да се создадат здрави заедници, без дрога, злоупотреба и насилство.

 

 
 
16.11.2016 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега