Мерцедесот на Тито ставен на продажба: Што мислите колку чини? (ФОТО)
Лимузината на Тито е на продажба, така објави британскиот дилер на класични автомобили Том Харлеј.
Оваа лимузина Mercedes-Benz 600 Pullman Laundelet која има шест врати, ја користел Јосип Броз Тито во периодот од 1971-1980 година.
Лимузината на Тито е опремена со 6.3-литарски V8 со моќност од 250 КС и четиристепен автоматски менувач. Возилото има изминато само 27.378 километри.
Во потпирачот на задното седиште се вградени електричен апарат за бричење, шишенца со колонска вода, парфем, а во задниот дел има мини бар, мини биро, потсетник, посебно радио.
Според сајтот AutoTrader автомобилот на Тито чини 2.500.000 фунти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа