Демонстрантите во Бугарија протестираа со молчење

 

На 53-от ден од демонстрациите против бугарската влада на Пламен Орешарски во Софија, учесниците протестираа со молчење.

Ова се случува поради прогласениот ден на жалост по повод загинувањето на четворицата бугарски рудари. 

Голем дел од демонстрантите беа облечени во црна облека во знак на жалост за рударите.

Граѓаните кои бараат смена на владејачката коалиција се организираат преку Фејсбук. 

ФОТО: Нова Македонија

12:53

најчитано сега