Русија: Убиен свештеник кој ги бранеше „Пуси рајот“

 

Руски православен свештеник кој повика на ослободување на членови на женската панк група Пуси рајот, убиен е во Псков, соопшти денеска руската полиција.

Телото на протојереј Павел Адељгејм е пронајдено синоќа во Псков со повреди нанесени со нож, во близина на црквата, јавија западни медиуми.

Според истрагата, него го убило младо момче со психички проблеми кому тој му дал засолниште. Момчето (27) е хоспитализирано откако по убиството и сам на себе си нанел повреди со нож. Полицијата не го поврзува убиството со ставовите на Адељгејм кој во повеќе наврати ги критикуваше црковните власти и предизвика со тоа жестока полемика во јавноста. 

12:21

најчитано сега