„Волстрит журнал“: Словенија приватизира 15 државни компании

Словенија, која минува низ финансиска и банкарска криза понуди за продажба 15 државни компании и банки, пишува денеска европското издание на весникот „Волстрит журнал“. 

- Стравувајќи дека националиот финансиски систем може да остане без ликвидни средства поради тешката состојба на банките, словенечката Влада се обидува да пронајде решение преку продажба на државна сопственост. Меѓу компаниите, понудени за продажба се најголемиот национален авиопревозник, телекомуникациската корпорација, хемиски компании, произведувач на спортска опрема, нагласува весникот. 

„Волстрит журнал“ цитира независни експерти, според кои програмата за приватизација може да му донесе на буџетот до 750 милиони евра. 

ФОТО: Вечер

11:32