Итна евакуација на амбасадата на САД во Јемен

Американскиот Стејт департмент нареди итна евакуација на амбадсада на САД во Јемен, поради закани од терористичката мрежа Ал каеда.

Во соопштение на Стејт департментот се вели дека е побарано сите американски владини службеници во Јемен чие присуство не е задолжително, да ја напуштат државата поради сериозна закана од терористички напад.

Упатено е и предупредување до американските граѓани во Јемен да ја напуштат државата.

ФОТО: Дојче Веле

најчитано сега