Нагло зголемен бројот на заболени од западнонилската треска во Грција
Денеска грчките медиуми пишуваат дека бројот на заболени во Грција од западнонилската треска е нагло зголемен.
Пет од регистрираните случаи се во тешка состојба, со оштетувања на централниот нервен систем.
Постои опасност вирусот, кој се шири по каснување од комарци, да се прошири и ги зафати јужните делови на земјата, особено полуостровот Пелопонез и островот Крит.