Германија стои зад протестите во Истанбул?

Германија стои зад протестите во истанбулскиот кварт Гези, со цел да ја спречи изградбата на третиот аеродром во Истанбул, тврди пратеникот од редовите на турската владејачка Партија на правдата и развојот, Бурхан Кузу.

- Многумина и завидуваат на Турција поради нејзиниот развој. Ние градиме нов аеродром во Истанбул, кој ќе биде еден од трите најголеми во светот. Кога аеродромот ќе биде завршен, тој во Франкфур, во Германија ќе ја загуби својата важност. Токму поради тоа во неодамнешните инциденти во Гези Германија има суштинска улога, нагласи тој. 

Третиот истанбулски аеродром планирано е да се изгради во европскиот дел на Истанбул на површина од 7.659 хектари. Тендерот за изградба на аеродромот, кој ќе има капацитет од 150 милиони патници, го добија неколку здружени турски компании, кои ветија дека на Владата ќе и платат 22,1 милијарда евра во период од 25 години од 2017 година

10:33

најчитано сега