Јапонија одбележа 68 години од атомската бомба

Јапонија денеска одбележа 68 години откако врз Хирошима во Втората светска војна е фрлена атомска бомба.

Околу 50.000 луѓе оддадоа почит на загинатите, со минута молчење во мировниот парк во Хирошима, покрај епицентарот на атомската експлозија што се случи на 6 август 1945 година, кога загинаа 140.000 лица.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе, еден од многубројните државници кои присуствуваа на церемонијата на одбележување на годишнината од трагедијата, изјави дека Јапонија, како единствена земја која доживеала нуклеарен напад, има должност да се залага за уништување на нуклеарното оружје.

10:26

најчитано сега