Без документи тргнале да бараат спас во Европа - македонските цариници фатија Авганистанци скриени во воз

Цариниците на Железничката станица - Гевгелија пронашле двајца Авганистанци кои без документи се возеле во воз кој патувал на релација Грција - Австрија.

Како што информираат од Царинската управа, двајцата мигранти биле пронајдени на влез во Македонија, во празни вагони на воз кој патувал на релација Грција – Австрија. Мигрантите кај себе немале патни исправи. Според нивната изјава, двајцата се државјани на Авганистан, а имале намера нелегално да сигнат до некоја од западно европските земји. Мигранитите се предадени на граничните полициски служби.

ФОТО: Кајгана

најчитано сега