Српската пејачка Гога Секулиќ е бремена?

Пејачката Гога Секулиќ која неодамна го погреба својот сопруг само два месеци по венчавката, сега како што пренесуваат српските медиуми очекува дете.

Српскиот "Скандал" пишува дека пејачката моментално се наоѓа на хрватското приморје каде може да жали за својата загуба подалеку од очите на јавноста. 

Според извор близок до пејачката, Гога лежејќи на плажа со својата пријателка разговарала за имиња на бебиња. "Миа е баш убаво име и така ќе се вика!", постојано повторувала Гога. Од разговорот сфатив дека таа е бремена, вели изворот за српскиот Скандал.

Медиумите кои веднаш ја контактирале Секулиќ за да ја прашаат дали таа е навистина бремена, добиле одговор дека се ќе им биде објаснето откако ќе поминат 40 дена од смртта на нејзиниот сопруг.

"Ќе ви објаснам, нека поминат 40 дена. Имајте разбирање ве молам!", изјавила пејачката.

09:56