68 години од нападот врз Хирошима
Денеска илјадници луѓе во Хирошима ја одбележуваат 68-годишнината од нуклеарниот напад.
Во нападот во 1945 година животот го загубија околу 140.000 лица. Три дена по нападот во Хирошима беше нападнат и Нагасаки.
Денес по 68 години од нападот, преживеани, роднини и анти-нуклеарни активисти се собраа во паркот на мирот во градот каде премиерот Шинзо Абе изјави дека е должност на Јапонија да ги елиминира нуклеарните закани.