Египет ја укинува затворската казна за навреда на претседателот

Привремениот лидер на Египет, Адли Мансур, објави вчера декрет, со кој се укинува затворската казна за навредување на претседателот откако во Египет имаше голем број случаи покренати за време на едногодишното владеење на претседателот Мохамед Морси, кој е соборен од власт на 3 јули. 

Согласно новиот декрет, оние кои ќе бидат прогласени за виновни за навредување на претседателот ќе се соочат со парична казна од 4.300 американски долари. Претходно за вакво дело можеше да се добие до три години затвор.

Против неколкумина Египќани е покрената истрага за навредување на Морси, а најпознат е случајот на Басем Јусеф, популарен комичар, кој редовно кажуваше шеги на сметка на Морси.

ФОТО: Денешен

09:07

најчитано сега