Поранешниот директор на УДБА, Бабановски влета во „Република“ со закани до Никола Србов: По изборите ќе заврши на Дрисла (ВИДЕО)

Иван Бабановски поранешениот прв човек на УДБА денеска изврши упад во редакцијата на „Република“ и почнал ги испраќа заканувачки пораки, објави Република

- По изборите, на 12 декември кажете му на Србов дека ќе заврши на Дрисла“, вакви закани упатил Иван Бабунски. 

Случајот е веќе пријавен во полиција.

Овој случај не е прв напад редакцијата на „Република“ и претставува директен атак врз слободното известување и работата на нашиот медиум.

Пред два месеци фоторепортерот на Република беше физички нападнат пред седиштето на СДСД додека ги извршуваше работните задачи.

Во текот на насилните протести на платеничката револуција, беше демолирано и седиштето на нашата редакција.

Овие три обиди да се замолчи „Република“ се случија за само шест месеци.

 
 
09.11.2016 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега