Го удрил и избегал - велосипедист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа

Припадниците во Министерството за внатрешни работи во Крушевац, го уапсија Ј.Д. (42) од Сеземче, осомничен за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај и не пружање помош на повреден во сообраќајната несреќа.

Тој се сомничи дека во Крушевац, синоќа со возило марка „Мазда“ со Крушевачки регистарски таблици преминал во спротивниот правец и со предниот дел од автомобилот удрил во велосипед со кој управувал оштетениот, а потоа го напуштил местото на несреќата без укажување на помош.

Велосипедистот, од здобиените повреди, починал во Ургентниот центар во Крушевац. По одобрение на Основното јавно обвинителство, на Д.Ј. му е одредено задржување до 48 часа.

 

 

 
 
05.11.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега