Попоски на средби со европратениците Петир и Петерле

Заменик - претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средби со европратениците Маријана Петир и Алојз Петерле. 

На средбата со Петир, како што соопшти Министерството за надворешни рбаори, било разговарано за активностите на Групата на пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент, во светло на очекуваниот извештај на Европската Комисија. 

- Успешното спроведување на изборите е во фокус на вниманието. Неопходно ќе биде да се обезбеди соодветен напредок во ЕУ интеграциите по изборниот процес, истакна Попоски.

Македонскиот министер за надворешни работи Попоски и европратеникот Петерле Петерле на средбата заклучиле дека се легитимни очекувањата за успешно спроведување на изборите во Република Македонија на 11 декември.

- Многу факти водат кон тоа дека предусловите за таков развој се исполнети. Сериозен предизвик останува да се обезбеди логичен напредок кон членство во сегашни европски услови. Ќе биде неопходно да се согледуваат и ефектите од намалената видливост на европската перспектива. Ова е мотив повеќе да се зацврсти посветеноста на реформи дома, но и мобилизација во ЕУ за стабилен и просперитетен Балкан во рамки на Унијата, истакна Попоски. 

 
 
03.11.2016 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа