Воз излета од шините во Ужице

 

Попладнево брз воз кој сообраќал на релација Белград-Бар излета од шините на излезот од српскиот град Ужице. 

Според првичните информации во несреќата нема повредени.

Несреќата се случила кај местото Турица на излезот од Ужице, каде максималната дозволена брзина на движење е 20 километри на час. При несреќата излетал само еден дел од локомотивата, додека вагоните останале на шините.

Засега сообраќајот на пругата Белград-Бар се уште е во прекин.

ФОТО: Журнал

најчитано сега