Турската полиција со солзавец ги растерува демонстрантите во Истанбул

Турската полиција употреби  солзавец за да ги растера демонстрантите, кои денеска се собраа пред Судот во истанбулското предградие Силиври, каде се изрекуваа пресудите на обвинетите во процесот „Ергенкон“. 

Изрекувањето на пресудите во процесот Ергенекон, поврзан со наводен заговор за државен удар против Владата, почна денеска попладне со тричасовно задоцнување. 

Судот во Силиври денеска осуди околу 50 обвинети во овој случај. На доживотен затвор беа осудени поранешниот началник на турскиот Генералштабот Илкер Башбуг, пензионираниот генерал Вели Кочук и новинарот Тунџај Јозкан. 

 

најчитано сега