Петмесечно бебе живее благодарение на Вијаграта

Кога пред пет месеци се роди малечкиот Рубен Пекстон шансите да преживее му беа 50:50 а во живот се одржува благодарение на специјалниот лек за потенција – Вијагра.

Ова мало бебенце се родило со желудникот, цревата и дел од црниот дроб во градниот кош поради што немало каде да му се развијат белите дробови.

Само четири дена по раѓањето врз Рубен била направена тешка операција која траела 7 часа во обид да му се спаси животот со местење на органите на вистинското место. Сега, за среќа малечкиот е добар, а се одржува во живот со помош на Вијагра.

-  Ја пие четири пати во денот. Ако не се напие нема добро да му функционираат белите дробови и нема да има доволно кислород во телото – вели неговата мајка.

Според неа нејзиното синче е вистински борец.

најчитано сега