Турската полиција го уапси "Езел"
Полицијата во Истанбул моментално има голема акција против трговијата со дрога, во која се уапсени неколку лица, меѓу кои и познати имиња, како актерот Кенан Имирџиоглу, познат како Езел, пренесе кафе.ба.
Во големата акција која се одвива во Бодрум, Кушадаси и Анкара, полицијата освен Езел уапсила и други звучни имиња.
Полицијата веќе осум месеци ја подготвувала големата акција. Таа ги следела дилерите од кои познатите нарачувале дрога, а се работи за марихуана и кокаин, како и лекови.
05.08.2013 - 13:52