Драма на автопат во Шведска: Жена се пораѓала во превртен автомобил
Една Швеѓанка се породила во автомобил кој вчеравечер се превртел на автопатот меѓу Сандвикен и Јевле, во кој имало уште четири дечиња.
- Откако автомобилот се превртел и завршил во ендекот крај патот, бремената жена, која се наоѓала во возилото, се породила на задното седиште, рече Темо Аленбек, дежурен командир при полицијата во регионот Јевелборг.
Жената веднаш била пренесена во болница заедно со новороденчето.
- Состојбата е стабилна и на мајката и на новороденчето, а и никој од другите патници во возилото не добил посериозни телесни повреди, вели Аленбек за Шведската телевизија СВТ.
ФОТО: Кајгана