„Јутарњи лист“: Со закон оневозможено дејствувањето во случај на тероризам

Поради непостоење посебен закон со кој ќе се уреди командниот систем во случај на терористички напади, хрватскиот Закон за одбрана оневозможува дејствување на Военото воздухопловство и Воената морнарица дури во случаи на терористички и воени напад кои би го повредиле суверенитетот на Хрватска, објави „Јутарњи лист“.

Весникот наведува дека за таквата „апсурдна ситуација“ виновни се Министерството за одбрана, Владата и Парламентот, бидејќи го одобриле Законот за одбрана, според кој е оневозможено дејствувањето на воените авиони и бродови и посочува дека таквата формулација Владата и Саборот ги оневозможуваат Вооружените сили да го бранат суверенитето на земјата дури и во случај на воен напад.

најчитано сега