Детали за трагедијата кај Битола: Возачот излетал од пат и загинал

Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случи денеска околу 13.30 часот на влезот во Битола од страната на Ресен, во непосредна близина на битолското село Братиндол.

Според СВР Битола, В.С. изгубил контрола над своето возило марка „КИА-Спортаж“, се забил во заштитната ограда на регионалниот пат Ресен – Битола и излетал на стариот пат Ресен – Битола.

Од здобиените повреди починал на самото место, а неговиот сопатник е лесно повреден.

Истрагата е во тек.

 
 
31.10.2016 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега