Воз излета од шини во САД - опасни хемиски супстанци истекоа при несреќата

 

Воз кој превезувал опасни хемикалии излета од шини во американската сојузна држава Лујзијана.

При несреќата од два вагона истече опасен материјал, поради што околу сто куќи се евракуирани, соопшти денеска железницата на САД.

Портпаролот на „Јунион пацифик“, Ракел Еспионоза истакна дека од еден од вагоните истекло натриум хидросид, кој може да ги повреди и да усмрти човек ако се вдиши или допре. Од другиот вагон истекло масло за подмачкување.

Засега не е познато која е причината за железничката несреќа.

 

најчитано сега