Бразилец цели 45 години лежи во болница

 

Бразилецот Паоло Мачадо е цели 45 години прикован за болничкиот кревет откако уште како бебе се разболел од детска парализа.

Бразилецот и натаму мора да биде 24 часови дневно, вклучен на машините за поддржување на распираторниот систем. Но и покрај тешката болест, како и неможноста да води нормален живот Мачадо е човек со силен дух од кого може да се извлече насмевка.

- Моите први сеќавања за животот и за раното детство се поврзани за болницата и за болничкиот кревет, или инвалидската количка, вели Мачадо.

Инаку, детската парализа е тешко инфективна, вирусна болест која главно ги напаѓа децата на возраст под пет години. Болеста, како во случајот на Паоло Мачадо може да предизвика трајна парализа на телото.

ФОТО: Сител

 

најчитано сега