Вооружен маж им се заканувал на гости во македонски ресторан

Во познат ресторан во село Боговиње ноќеска се случил инцидент. Како што соопштуваат од МВР, 29-годишниот Ф.И и И.Х (36) од село Слатино ноќеска околу  03:50 часот пријавиле дека дента околу 02:30 часот додека биле во ресторанот во еден момент на нивната маса им дошол 32-годишниот Н.Ш и, им вперил пиштол кон нив. Подоцна и физички го нападнал Ф.И кој добил неколку повреди во пределот наглавата и нозете. 

Осомничениот бил приведен во ПС-Тетово, а оружјето не било пронајдено. Запознат бил Јавниот Обвинител, се првземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

 
 
30.10.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега