Драма пред Клиничката болница во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот Н.Ш. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На улицата „29-ти Ноември“, пред влезот на Клиничката Болница, поради настанат застој во сообраќајот, пријавениот кој бил совозач во возило марка „Опел Корса“ излегол од истото и се приближил до патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР на РМ, а во кое биле тројца полициски службеници, и започнал вербална расправија со истите. Пријавениот, исто така, преку отворениот прозорец, физички го нападнал полицискиот службеник што го управувал возилото. Пријавениот со нога удирал и по вратата на возилото. Набргу потоа бил совладан од останатите полициски службеници.

 
 
27.10.2016 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега