Старци се запознале и вљубиле преку Скајп

 

83-годишна жена од Чешка, и нејзиниот три години постар сосед, започнале врска благодарение на Скајп.

Старицата по име Јана добила подарок компјутер од својата ќерка кој не ни знаела да го користи, но на инсистирање на ќерка си, започнала. Така, таа му се пофалила на својот сосед дека има Скајп, па тој и предложил на тој начин да комуницираат.

- Така некако се разви целата хемија и чувства, и сега живееме заедно веќе три години. Задоволни сме еден со друг, вели среќниот старец.

најчитано сега