Земјотресот во Италија како разорниот во Скопје - жителите во паника

Земјотресот во Скопје се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1000 до 1100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.

Серија земјотреси ја погодија синоќа централна Италија, уривајќи цркви и згради, иницирајќи прекин во снабдувањето со елекстрична енергија и предизвикувајќи голема паника на жителите на ова подрачје, само два месеци откако истото беше погодено од силен змејотрес, во кој загинаа речиси 300 лица.

Првиот потрес беше регистриран во 19.10 часот со интензитет од 5,4 степени по Рихетеровата скала. Вториот беше осум пати посилен, со магнитуда од 6,1 степени, како оној во Скопје во 1963.

Со оглед на тоа дека повеќето жители веќе биле надвор на улиците со намера под отворено небо да ја минат ноќта, два часа подоцна, кога удри вториот земјотрес, тие биле надвор од своите домови, со што веројатно се спасени многу животи, соопштија официјални лица.

Сеизмолошките служби соопштија дека првиот потрес бил регистриран со епицентар 60 километри источно од Перуџа, на длабочина од девет километри под површината на земјата, а вториот близу Вишо, на 170 километри североисточно од Рим, на длабочина од 10 километри. 

 
 

 

 

 
 
27.10.2016 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега