Генијалец: Учи странски јазици за неколку денови и напамет решава најтешки математички задачи (ВИДЕО)
Даниел Тамет е младо момче за кое од најмали нозе не постои проблем кој не може да го реши. Тој знае напамет да реши било каква математичка задача, и зборува на 10 јазици.
Се работи за научник кој може да научи нов јазик за само неколку денови и за кој не постои математичка задача која не може да ја реши, без разлика на нејзината тежина.
Тој е роден во Лондон во 1979 година, а како мал доживеал несреќа кога си ја удрил главата во ѕид по што константно без престан плачел, а по кратко време добил и епилептични напади. Тој почнал да зема лекови кои многу му помогнале.
Во еден момент додека неговиот брат си играл, му рекол на Даниел да реши една тешка задача, а тој тоа и го направил. Тој не мора да решава, само ги затвара очите и решението е таму.
Па така, ова момче од Лондон може да пресмета корењн од некој број побрзо од дигитрон и исто така, учи странски јазици за една недела.