Мишел Обама: Претседателе, косата малку ти побеле но те сакам како никогаш досега!
Американскиот претседател Барак Обама денеска полни 52 години, а неговата сопруга, првата дама на САД Мишел Обама, му го честиташе прва роденденот преку социјалната мрежа Твитер, шегувајќи се на негова сметка.
- Среќен роденден Барак! Косата малку ти побеле, но те сакам како никогаш досега!, напиша Мишел на Твитер.
Под напишаното, сопругата на американскиот претседател остави и црно бела фотографија на која се таа и Обама во младоста.