АХВ: Не може да се утврди од каде потекнува угинатата крава

Официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изврши увид и констатира дека угинатата крава на кејот на Вардар во Скопје нема идентификациска ознака врз основа на која може да се утврди сопственоста и регионот од каде потекнува. 

Како што информираат од АХВ, ветеринарот излегол на терен и направил увид врз основа на добиен повик од Центарот за управување со кризи, постапувајќи по пријава на граѓанин дека во близина на кејот на Вардар има угинато животно – крава.

- Со контролата констатирано е дека угинатото животно нема идентификациска ознака – ушна маркица врз основа на која може да се утврди сопственоста и регионот од каде потекнува... Официјалниот ветеринар на Стационарот за хуман третман на животните изрече мерка за вршење темелна дезинфекција на кејот на Вардар, со цел спречување евентуално ширење на заразни болести, соопшти АХВ.

Во соработка со Бригадата за противпожарна заштита и Комуналното претпријатие, угинатото животно е извадено од водите на Вардар и нештетно е уништено во депонијата Дрисла. 

 
 
26.10.2016 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега