Паника во СДСМ: Љубчо не сака да игра по нотите на Заев - од десничарите на СДСМ остана само Кекеновски

Вистинска паника владее во опозицискиот блок по најавата дека нема да биде ништо од „десничарската“ коалиција по мерка на Заев.
Медиумите финансирани од СОРОС и под контрола на СДСМ, денеска по неколку пати објавуваа информации па самите си се демантираа.
Дел од нив, објавија дека коалицијата е веќе договорена, додека останатите дека Љубчо ја мател водата на „десничарската“ коалиција.
Дел од членството на ВМРО-НП силно ја поддржува идејата за враќање на партијата кон јадрото, односно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, учеството во „десничарската“ коалиција на Заев само ќе покаже дека ВМРО-НП е партија за една употреба, односно, Заев ја користи само како топовско месо во борбата со ВМРО-ДПМНЕ.
За денеска, ВМРО-НП има закажано седница на Извршниот комитет на која треба да се дефинира патот по кој ќе тргне оваа партија.
Неколку високи функционери со кои разговараше Press24 велат дека се поставени пред избор на учество во идната власт и обид за обединување за враќање кон корените и учество во коалиција по желба на опозицијата која ќе овозможи ВМРО-НП да ја измри својата политичка тежина пред локалните избори.
Партиски извори велат дека во овој момент сите опции се отворени.

 
 
25.10.2016 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега