ТРАГЕДИЈА: Пожарникар гледал како гори син му

Ренди Петерсон од Минесота отишол во неделата на интервенција откако пожарникарите добила повик дека дошло до тешка сообраќајка и дека е ден автомобил е во пламен.

По доаѓањето на лице место Ренди увидел дека во пламен е автомобилот на неговиот. Иако пожарникарите пробале да направат се, веќе било касно за 20 годишниот Картер, син на Ренди.

„Кога го сфатив тоа, само паднав на колена пред автомобилот... Колегите ме придржуваа“, низ раскажуваше за оваа трагедија Редни, пренесува АП.

Синот на Ренди неколку минути пред несреќата ја однел својата девојка дома. На враќање, на раскрсница го удрил камион. Автомобилот на Картер се запалил од силината на ударот и несреќното момчето настрадало на лице место, додека возачот на камионот минал со полесни повреди.

„Мојот син беше најдобар возач. Никогаш не брзаше, секогаш ги држеше двете раце за воланот“, очајно раскажуваше Ренди, кој не успеа да го спаси својот наследник.

 

 
 
21.10.2016 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега