Со двојазичност и федерализција Заев во борба против Ахмети и Тачи во шестката

„Голема“ битка се очекува во шестата изборна единица меѓу лидерите на албанските политички партии и Зоран Заев. Откако медиумите на СОРОС ја објавија информацијата дека опозицискиот лидер довербата ќе ја бара во изборната единица каде доминираат етнички Албанци, од СДСМ нема официјално ниту потврда ниту демант.
Во меѓувреме, граѓаните на социјалните мрежи велат дека не се изненадени од постапката на Заев. Според нив, за очекување е опозицискиот лидер да се обиде да ги собере плодовите од битката за воведување двојазичност во цела Македонија и најавите за федерализација и редефинирање на државата.
Со сличен став се и експертите. Според нив, доколку Заев се позиционира во шестката, тоа ќе биде јасна порака дека на Бихаќка им станало јасно дека по заложбите кои се спротивни на македонските национални интереси, лидерот на СДСМ е свесен дека во изборните единици каде доминира македонското гласачко тело ќе доживее катастрофа и ќе донесе повеќе штета отколку придобивки за неговата партија.
Ако се земат како точни листите кои ги објавуваат соросовите медиуми, ниту еден од високите функционери на СДСМ нема да излезе на мегдан со Груевски кој традиционално ја води првата изборна единица. Наместо тоа, од СДСМ решиле да го испратат Стево Пендаровски, кој во својата политичка биографија го има еден од најтешките изборни порази во македонската демократска историја, оној од претседателските избори во 2014та.
Вториот човек на СДСМ, Радмила Шеќеринска пак, ќе побегне дури во петтата изборна единица. Шеќеринска која го држи рекордот на политичар со најмногу изборни порази иако потекнува од скопското јадро на СДСМ, доверба ќе бара во охридско струшкиот регион.


Од своето јадро бега и Спасовски. Генералниот секретар на СДСМ, сега технички министер во МВР, ќе мора да се жртвува во третата изборна единица, каде ВМРО-ДПМНЕ традиционално освојува најмногу гласови.
Иако Заев најави дека на овие избори очекува да има повеќе албански гласови од ДУИ, сепак експертите велат дека очекувањата се неостварливи.
Според прогнозите, под знак прашалник е дали Заев ќе стигне на третото место зад ДУИ и ДПА или пред него ќе се позиционира уште некоја од останатите партии во албанскиот опозициски блок.
Токму затоа, на 6 ноември, за кога е закажан конгресот на СДСМ на кој ќе се дефинираат листите, можно е партијата да побара Заев да си се врати во четвртата изборна единица, од каде што и потекнува или пак да се обиде да му се спротивстави на Груевски во првата, а на негово место, тетовско гостиварскиот изборен регион да го води етнички Албанец од опозициските редови.

 
 
21.10.2016 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега