Голема несреќа: Билјана се запали на гробот на својот син

Билјана Јачимовиќ, мајката на навивачот на Црвена Ѕвезда, 21 годишниот Александар Јачимовиќ, кој пред 6 месеци беше избоден во тепачка на навивачи во Чачак, случајно се запали на гробот на својот син додека му палела свеќа.

Како што дознава ало.рс пламен од свеќата го зафатил фустанот на несреќната жена и таа се здобила со тешки изгореници. Нова трагедија спречиле случајните минувачи кои помогнеле да се изгаси оганот.

„Билјана во болница веднаш имала трансплантација на кожа поради тешки изгореници на ногата! Операцијата добро поминала и пуштена е на домашно лекување. Права среќа е дека на гробот ја виделе други луѓе кога фустанот нагло пламнал. Сведоците виделе дека незгодата се случила кога таа палела свеќа и дека не запалила намерно. Билјана не била во состојба да се снајде додека пламенот со неверојатна брза и проголтал цела гардероба“, наведува соговорник упатен во случајот.

 
 
21.10.2016 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега