И Заев и Шеќеринска побегнаа од Груевски - објавени носителите на листите на СДСМ

Вистински проблем за социјалдемократите е кој да му се спротивстави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица. Дежурниот губитник Радмила Шеќеринска според она што го пишуваат медиумите на СОРОС, ќе побегне дури во петтата изборна единица, каде се очекува да доживее катастрофа доколку ВМРО-ДПМНЕ остане со традиционалниот избор, Антонио Милошоски. Заев, очекува плодовите од ветувањата за двојазичност да ги жнее во шестата изборна единица.
За својот ангажман во битката против ВМРО-ДПМНЕ место и тоа носителско во двојката ќе добие екс амбасадорот Никола Димитров.
Оливер Спасовски нема да оди во кумановската изборна единица, од каде што потекнува туку шанса ќе бара во тројката, местото каде што СДСМ редовно доживува најубедлив пораз. Четворката најверојатно ќе биде резервирана за Хари Локвенец.
Се уште нема ниту потврда ниту демант на овие информации.
Партијата вечерва реши Конгресот да го одржи на 6 ноември, по што и официјално ќе се знаат кандидатските листи.

 
 
20.10.2016 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега