Попоски на конференција на ОБСЕ во Берлин

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска учествува на министерската конференцијата на ОБСЕ организирана од германското Министерство за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Берлин.
 
На Самитот на шефови на дипломатии во главниот град на Германија, која што оваа година е претседавач со Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) главни теми се толеранцијата и разликите што постојат во светот, а кои што се причини за голем број конфликти.
  
На маргините на конференцијата Попоски ќе се сретне со неколку свои колеги со кои што ќе разговара за актуелни билатерални, регионални и глобални теми. 
 
Во обраќањето до учесниците домаќинот на конференцијата германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер актуелната состојба во Европа и пошироко се обиде да ја прикаже преку цитат на германскиот државник и поет Јохан Волфганг фон Гете кој пред 200 години состојбата во Европа ја опишал со зборовите „Северот, западот и jугот се тресат, престолите се уриваат, империите се во криза“. 
 
Штајнмаер е оптимист дека ОБСЕ може успешно да ги надмине комплексните предизвици на глобализираниот свет само доколку различностите во општествата се третираат како шанса, а не како пречка. 
 
 
20.10.2016 - 12:35
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега