Судски совет: Сослушувањето на судиите од СЈО е неуставно

Сослушување во својство на осомничени лица на пет судии на Управниот суд од страна на Специјалното Јавно Обвинителтво (СЈО) за донесена одлука во извршувањето на нивната судска фукција е против уставно, рече денеска на прес-конференција претседателот на Судскиот совет на РМ, Зоран Караџовски.

Според него, тоа е спротивно со точката 1 на амандманот 25 од Уставот на РМ која предвидува дека судија неможе да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување во придонесувањето на судските одлуки. Оваа одлука е пренесена и пропишана од членот 65, став 2 од Законот за судовите.

- Генерално гледано, начинот на постапувањето од страна на споменатото Јавно обвинителство како и на други поединци или групи е во спротивност со основните начела и стандарди за независност и непристрасност на судиите кои се воспоставени со националното право, а и со релеванртните меѓународни акти, рече Караџовски.

Постапувањето на наведените субјекти, како што посочи, е во спротивност со амандманот 25 од Уставот на РМ, кој децидно ја утврдува самостојноста независноста на судската власт во Македонија, како и членот 99 од Уставот на РМ кој предвидува дека судијата има неограничен мандат како основна гаранција од евентуални притисоци и влијанија при вршењето на функцијата кое е предвидено со финдаменталните начела за независноста кои се воспоставени со големата повелба на судирите на консултативниот совет на европските судии.

Караџовски потенцира дека недоличното однесување на одредени чинители во македонското општество кон судската фела покажува нивно неразбирање на нејзината позиција како трета независна власт, а со самото тоа загрозување на независната положба на судиите.

- Правиме обид да го зачуваме сопствениот интегритет како судии и да останеме верни бранители на нашата независност како и да ја поттикнеме јавната свест за моменталните притисоци и влијанија со кои безупешно се прави обид за уривање на нашиот углед, довербата на јавноста во судството како и принципот на владеењето на правото во Македонија, рече Караџовски.

Тој апелираше до сите инволвирани субјекти во иднина да се воздржат од секакви обиди за загрозување на нивната уставна и законска позиција во процесот на правораздавањето и заштитата на чивековите слободи и права согласно Уставот и законите во Македонија.

На новинарско прашање зошто до сега Судскиот совет не давал ваква поддршка за други судии кои до сега се судени, а и дека има одземени имунитети има судски постапки и на активни судии и дали тоа не е притисок од Основното јавно обвинителство, Караџовски рече дека тоа не е притисок од ОЈО и дека ако некој сакал нешто да разбере од тоа што тој го кажал ќе го разберел.

На прашањето за притисоци од власта и политичките партии, Караџовски истакна дека тие притисоци ги чуствувале и сега и порано и дека не ги споделиле со јавноста затоа што не почуствувале потреба.

 
 
20.10.2016 - 12:08
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега