„Претприемништвото како можност за зајакнување на жената од рурална средина“

По повод Меѓународниот ден на руралната жена, Групацијата на бизнис жени (ГБЖ) при Стопанска Комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) денеска во Скопје организира конференција на тема „Претприемништвото како можност за зајакнување на жената од рурална средина“.

Како што посочуваат организаторите, целта е да се истакне важноста на женското претприемништво како можност за економско јакнење, што е важно не само за благосостојбата на поединците, семејствата и општество, но исто така и за продуктивноста и економската стабилност на земјата.

На конференцијата ќе учествуваат преставници од бизнис секторот, од различни институции, НВО и студенти од бизнис и економскиот факултет.

 
 
20.10.2016 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега