Знаци што укажуваат на заболување на црниот дроб

Промените на кожата, во урината или во столицата, болки во стомакот, како и замор, се некои од раните знаци за проблеми со црниот дроб.

 

Промени на кожата

Еден од најраните знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб се ненадејни промени на кожата. Тоа може да вклучува губење на нормалната боја на кожата или појава на жолтеникава нијанса на кожата, а може да се слули и да пожолтат ноктите. До овие симптоми доаѓа затоа што црниот дроб не ги исфрла токсините од телото онака како што треба, па билирубините се таложат под кожата.

Јадеж или пречувствителна кожа

Раните знаци за проблеми со црниот дроб можат да се појават и во внатрешноста на кожата. Тоа значи дека јадежот на кожата може со време да се влошува или кожата да станува се почувствителна на допир и лесно да се воспалува. Одржувањето на влажноста на кожата со хидратантни креми на тие подрачја може да ги ублажи овие симптоми.

Промени во урината и столицата

Кај некои луѓе симптоми за проблеми со црниот дроб се промената на бојата на урината која станува се потемна и прво сомнежот паѓа на дехидратацијата, но ако тоа продолжува иако внесувате доволно течности во телото, веројатно станува збор за проблеми со црниот дроб. Исто така, може да дојде до промени во бојата на столицата која може да биде бледа, крвава или боја на катран.

Промени со стомакот

Грчеви или болки во долниот дел од стомакот како и појава на гасови и на притисок во стомакот, можат да бидат еден од раните знаци за пореметување на работата на црниот дроб. Ако со време проблемот се влошува, може да се развие и асцитес. Тоа е собирање на течност во внатрешноста на стомакот кое може да биде толку изразено што заради притисокот на белите дробови да се оневозможи дишењето. Тогаш лекарот мора да изврши парацентеза за да ја отстрани течноста од стомакот.

Замор

 

Промените како слабост, замор или хроничен замор, исто така можат да бидат ран знак за проблеми со црниот дроб. На телото тогаш му е потребно повеќе одмор. Ако чувствувате слабост и замор заедно со уште некој од наведените симптоми, секако побарајте лекарска помош.

 

Извор: Exclusive.mk

 
 
18.10.2016 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега