Издвоени рекордни 22 милиони евра за реконструкција на регионални патишта

Завршува реконструкцијата на регионалниот пат Градско – Росоман – Дреново во должина од 12 километри, инвестиција вредна 1.3 милиони евра. На завршувањето на градежните работи денеска посета извршија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на ЈП Државни патишта Александар Стојанов.

По целата должина е поставен нов асфалт и останува да се довршат уште неколку стотини метри и да се постави нова патна сигнализација.

gradsko-rosoman-rekonstrukcija8

-За прв пат оваа година издвоивме рекордни 22 милиони евра преку ЈП за Државни патишта за реконструкција на регионални патишта преку програмата на ЈП Македонија пат. Само оваа година издвоивме дополнителни 5.5 милиони евра за да ја подобриме патната мрежа низ Република Македонија. Градиме нови патишта, а воедно и ја подобруваме и постојаната патна инфраструктура нешто што го немало досега во Република Македонија, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

gradsko-rosoman-rekonstrukcija1

Тој денеска направи увид и во изградбата на експресниот пат од Градско до Прилеп во делот на Дреновската клисура каде се врши интензивно пробивање на трасата.

-Задоволен сум како се одвиваат работите на терен. Трасата се пробива според планираната динамиката и континуирано се зголемуваат брјот на градежни работници и бројот на механизација кои се потребни за изградба на овој експресен пат. Исто така во тек е тендер за изградба на втората фаза од експресниот пат од Градско до Дреново очекувам на почетокот на следната година да започнат градежните работи и во рок од 24 месеци да имаме нов експресен пат од Градско до Прилеп, додаде Мисајловски.

gradsko-rosoman-rekonstrukcija

При денешната посета директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов потенцираше дека интензивно се работи на изградба и реконструкција на регионалната патна мрежа во Република Македонија.

gradsko-rosoman-rekonstrukcija2

-Со завршување на регионалниот пат од Градско до Дреново веднаш ќе започнеме и со реконструкција на регионалниот пат од Росоман до Кавадарци во должина од околу 5 километри и инвестиција од околу 35 милиони денари. Се планира целосна реконструкција и поставување на нова патна сигнализација, изјави Стојанов.

gradsko-rosoman-rekonstrukcija3

Според надлежните во изминатите години се израдени и рехабилитирани околу 1300 километри патна мрежа во Република Македонија.

 

gradsko-rosoman-rekonstrukcija4

 

gradsko-rosoman-rekonstrukcija5

 

gradsko-rosoman-rekonstrukcija6

 

gradsko-rosoman-rekonstrukcija7

gradsko-rosoman-rekonstrukcija9

 
 
18.10.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега