Маж се удави во Велешкото Езеро

Седумдесет и осумгодишниот велешанец Б.З. вчера, околу 11 часот и 30 минути бил пронајден починат во водите на Велешко езеро,  до браната после мостот.
 
Како што соопшти МВР, смрт без траги на насилство била констатирана од страна на екипа на итната медицинска помош. 
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес
 
 
16.10.2016 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега