Спасов: Со низа мерки ја намаливме невработеноста- над 160.000 работни места се отворија од 2006 година до сега

Основен, врвен или пак приоритет над приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ е справување со невработеноста, истакна дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во 2006 година имаше историски највисока стапка на невработеност од 38 проценти. Со низа мерки и проекти се обидовме да дадеме максимум за да отвориме нови работни места и да ја намалиме истата. Се повеќе и повеќе нови мерки воведуваме. Уверени сме дека отвореното работно место значи директна помош за граѓаните. Над 160.000 работни места се отворија од 2006 година до сега и ја намалија стапката на невработеност, рече Спасов.

Потенцираше дека има мерки кои се насочени за младите луѓе, но и за сите категории на граѓани.

-19.000 работни места се отворија преку „Македонија вработува“, „Македонија вработува 2“ до сега отвори 1.900 работни места за само неколку месеци, потенцираше Спасов и потсети дека еднократно се отпишаа долговите на 15.000 домаќинства.

-Тоа се само мал дел од најголемите мерки кои се реализираа и во иднина ќе се реализираат.

 
 
14.10.2016 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега