Груевски за новата инвестиција: Станува збор за крупна и сериозна холандска компанија (ВИДЕО)

Во рок од само шест дена се отвори и  четвртата инвестиција во делот на земјоделието во Република Македонија, вредна 10 милиони евра. Оваа инвестиција планира да отвори 130 нови работни места, од кои поголемиот дел  постојани, а помалиот дел сезонски , изјави Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Гриевски.

-На површина од 250 хектари на кои што ќе се садат трпезно грозје, цреши и други овошни производи, ќе значи зголемен извоз и ќе значи посовремена технологија како и ќе значи ново знаење за луѓето што ќе се вработат таму. Станува збор за крупна и сериозна холандска компанија која што има свои инвестиции на повеќе континенти и многу високо ниво на  технологија на нивно производство, на висок квалитет и многу добра мрежа на дистрибуција, како и на продажба. Ова укажува дека тие се спремни да откупуваат трпезно грозје, цреши и други овошја, но и зеленчуци од други земјоделски компании во Македонија. Оваа инвестиција е крупен и значаен играч во нашето земјоделство кои што со тек на време ќе почне да менува и на оние кои што не можат да си го извезат своето грозје, цреши или другите овошја или зеленчуци. Во Холандија се одлично стационирани, имаат префектно развиен дистрибутивен центар и навистина е нов квалитет во нашата држава во делот на земјоделиоето, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

 
 
14.10.2016 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега