НАРОДНО ВЕРУВАЊЕ: Еве што не смеете да им дозволите на вашите деца

Од стари времиња кружи приказна дека на Земјата има луѓе колку што има ѕвезди на небото, така што секој има своја ѕвезда.

Таа засјајува кога човекот ќе се роди, а паѓа или исчезнува кога ќе умре. Кога ќе падне помала ѕвезда, тогаш завршил животот на обичен смртник, а кога е поголема, се верува дека се работи за некој владетел или личност која на некој начин го задолжила човештвото.

Народни верувања за ѕвездите и децата

Според верувањето, на децата не им е дозволено да бројат ѕвезди зошто ако наидат на својата, таа ќе падне и детето ќе умре. Личната ѕвезда постојано не следи, каде и да одиме, ѕвездата е со нас.

dzvezdi

На сон, кога несвесниот дел е поактивен и каде секогаш стои некоја тенка линија меѓу животот и смртта, нашата ѕвезда никогаш не спие, туку неуморно бдее над нас. И меѓу ѕвездите има добри и лоши. Заедно со Сонцето и Месечината живеат во семејства, постојано се движат и се договараат.

Родени под среќна ѕвезда

Затоа се вели дека состојбата на небото одговара на онаа на Земјата. На тоа верување се заснова науката за ѕвездите која трева да препознае такви движења и кажува што ќе им донесе радост, а што тага.

Кога некој е успешен во својата работа, ќе стекне ненадејна популарност, ќе добие награда на лотарија, ќе преживее некоја несреќа, ќе пронајде (да речеме) ќуп со злато или нешто слично, а за тие луѓе постои една единствена општа одредница, а таа е дека се родени под среќна ѕвезда.

mesecinaa

 
 
12.10.2016 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега