СИТЕЛ: Почна мониторингот на Советот на Европа на човековите и малцинските права во Грција

Почна мониторингот на човековите и малцинските права во Грција од страна на Советот на Европа.
 
Првиот извештај, пред се за почитување на меѓународните обврски на нашиот јужен сосед се очекува веќе напролет.
 
Пратеникот Александар Николоски очекува во извештаите во следниот период да се покаже тоа што го утврди и извештајот на Европската комисијата против расизам и нетолеранција ЕКРИ, од пред неколку години во кој беше нотирана состојбата на македонското малцинство во Грција.
 
Пред измените изгласани минатата година Грција како стара членка на Советот на Европа не подлежеше на мониторинг што и овозможуваше да манипулира со човековите права во земјата и комотно да не признава никакво национално малцинство.
 
 
12.10.2016 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега