Пандев: Би ги заменил сите голови и титули, за еден ваков магичен успех со националниот тим

Македонските млади фудбалери покажаа дека Македонија има светла фудбалска иднина. Фудбалерите до 21 година во Македонија се пласираа на Европско првенство, и претставуваат прва национална селекција која тоа го направила. Капитенот на Македонија Горан Пандев преку Инстаграм го честиташе големиот успех на своите млади колеги и наследници во националниот тим.

„Ми ја наполнивте душата, ме направивте неизмерно среќен. Би ги заменил сите национални, европски, светски титули, голови, лични признанија само еднаш да доживеев ваков магичен успех во дресот на националната селекција. Вие успеавте. Денес сум горд Македонец. Секоја чест, знам дека нема да застанете...“, напиша Пандев.

 

 
 
12.10.2016 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега