Незаборавна авантура - „Суперхерои" прв симфониски концерт за деца на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија го најавува првиот Симфониски концерт за деца во новата сезона под наслов „СУПЕРХЕРОИ“. Концертот ќе се одржи во Домот на АРМ на 15 октомври со почеток во 12 часот.

Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на маестро Борјан Цанев, за најмладата музичка публика ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени теми од познати авантуристички и научно-фантастични филмови.

- Децата ќе имаат можност да ги слушнат ултрапопуларните музички парчиња од светските филмски хитови „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Индијана Џонс“, „Војна на ѕвездите“, „Џемс Бонд“, „Хари Потер“ и „E.T.“.Приказните за суперхероите, на автентичен начин, ќе ги долови омилениот актер на децата, Мартин Јордановски. Ова е уште една незаборавна авантура од циклусот Симфониски концерти за деца кои Македонската филхармонија со посебно внимание ги подготвува, остварувајќи ја мисијата едукативно да делува и кај најмладата публика, се вели во соопштението на филхармонијата.

 
 
12.10.2016 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега